На познатата плажа Ипанема во Бразил, на 21. декември со колективен топлес, кој инаку е забранет во оваа држава ќе биде обележано започнувањето на летото. Мажите веќе го најавија нивното присуство како знак на солидарност.
Повеќе од две илјади луѓе го потврдија нивното присуство дека ќе дојдат на колективниот топлес на плажата Ипанема која се наоѓа во градот Рио де Женаиро.
Во Бразил топлесот е забранет, па затоа 23-годишната Ана Риос која е специјализирана за организирање на секаков вид на настани, покрена иницијатива за ден на топлес.
Риос вели дека кривично дело е да шеташ на плажите без горниот дел од костимот за капење.
– Тоа од секогаш ми беше чудно и пуританско однесување, во земјата на карневалот каде на сите страни можат да се видат голи жени – рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.