Ноќеска по полноќ избувнал пожар во Старата скопска чаршија, односно во една продавница во близина на Мурат-пашината џамија.
Во пожарот е уништен дуќанот, како и дел од џамијата на Мурат-паша.
На самото место пристигнале противпожарните служби и го изгаснале пожарот.
Во пожарот нема провредени лица, а истрагата треба да ги утврди причините за настанувањето, дали е случајно настанат или е подметнат.
Полициската истрага е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.