| четврток, 6 декември 2018 |

Меси тренира по 10 часа на ден

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Аргентинецот Лионел Меси, поради повреда ќе отсуствува од терените до крајот на годината.

Затоа напаѓачот на Барселона прави сè што може за да се врати побрзо на теренот. Меси сака да се врати со стил и да им покаже на сите дека повредата само го засилила, а според пишувањата на магазинот „Спорт“ Лионел дневно тренира по неверојатни 10 часа.

Тренингот на аргентинскиот фудбалер почнува во 8.30 и трае до 19 часот, сè со цел побрзо да се врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top