| четврток, 6 декември 2018 |

Распишан конкурсот за наградите на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2013 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика и „Ванчо Николески“ за книга за деца. Годинава првпат ќе биде доделена и награда за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите. Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени на 13 фебруари идната година, на свеченоста по повод  јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top