Припадниците на полициската единица „алфи“ вечерва го уапсиле опасниот убиец, 40 годишниот Јордан Младеновски- Панда кој избега од психијатриската болница Демир Хисар, пренесува Прес24.
Станува збор за 40-годишниот Јордан Младеновски – Панда, кој пред 2 години ја заклал својата бремена сопруга и од тогаш е под надзор на институциите.
За неговото бегство осомничени се двајца психијатри од болницата кои незаконски пуштале пацинети на слобода без да има некој кој ќе води сметка за нив и без терапија. Докторите му дозволиле да ја напушти установата и да излезе на викенд по што тој не се вратил.
СВР Битола пред два дена поднесе кривична пријава против двата битолски доктори-психијатри во ЈЗУ-Психијатриска болница Демир Хисар В.Т.(48) и П.Л.(60), за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.
Во периодот од јануари до јули 2013 година, пријавените на тројца пациенти кои биле на задолжително психијатриско лекување им одобрувале користење на тераписки викенд спротивно на Правилникот на куќниот ред во здравствената установа и без соодветна изјава од член на семејство со која се изјавува дека ќе го чува пациентот додека е надвор од установата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца