Премиерот Никола Груевски кој се обрати на форумот рече дека има огромни неискористени можности за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и дека таа треба да ги следи добрите политички односи што постојат меѓу двете земји. Тој потенцира дека треба да се обрне внимание на различните форми кои можат да придонесат за унапредување на економските односи, бидејќи Македонија и Унгарија се многу блиску.

Пред бизнисмените ги посочи можностите и прендостите што Македонија ги нуди за инвестирање и потенцира дека има интерес сериозен за инвестирање од компании од Америка, Кина, Индија, Катар што е потврда дека сме на добар пат за привлекување инвестиции.
На вечерашниот форум присуствуваат 30 компании од ИТ секторот, градежништвото, машинската индустрија и туризмот во чии рамки турооператорот Атлас и три македонски туристички агенции потпишаа договор за посета на 20 илјади кинески туристи.

На форумот се обрати и унгарскиот премиер кој ги повика унгарските компании да дојдат да инвестираат во Македонија бидјеќи е држава со шанси за добар успех. Според него, тие треба да одат во држави кои имаат силни водачи и што имаат шанси за успех. Потенцира дека досега се реализирани повеќе работи од Спогодбата потпишана лани и дека останува во иднина да се воспостави и директна авионска врска меѓу двете земји.
Македонија и Унгарија оваа година за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена која изнесува околу пола милион долари.

Kако што информира директорот на Македонската агенција за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, унгарска компанија ги разгледува можностите за инвестирање во Македонија и се очекува таа да биде објавена некаде во февруари следната година.
Станува збор за компанија за преработка на овошје и зеленчук на која и се нудат да направи браунфилд инвестиција, а доколку не направи избор од тоа може да биде и гринфилд инвестиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија


