| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор им делеше кондоми на посетителите во „Сити мол“ (ФОТО)

Како да се заштитиме од инфицирање си ХИВ вирусот? Како да бидеме сигурни дека кондомот е стопроцентна заштита? Дали е безбедно да се дружам со ХИВ позитивен? Ова беа само дел од прашањата што младите им ги поставуваат на едукаторите од Црвениот Крст.

Црвен крст на РМ, Црвен крст на Град Скопје со поддршка на високиот комесаријат за бегалци во РМ (УНХЦР), традиционално ја одбележаа неделата за борба против ХИВ/СИДА. Акцентот оваа година беше ставен на младата популација. Организаторите под мотото „Да стигнеме до нула: нула нови ХИВ инфекции, нула дискриминација, нула смртни случаи од СИДА“ спроведоа едукација на младите со цел превентивно и едукативно делување за свесноста и опасностите кои демнат од оваа болест.

На едукативниот настан граѓаните добиваа инфоматеријали за ХИВ/СИДА и кондоми кои за потребите на кампањата ги донираше „Дурекс“. На настанот присуствуваше младиот идол Виктор Апостоловски, кој со својот личен пример придонесе во намалување на предрасудите, стереотипите и дискриминацијата на младите кон лицата носители на ХИВ/СИДА, како и чекор напред во процесот на информирање и едукација.

– Светот повеќе од три децении се бори со оваа страшна зараза и сѐ уште не го пронајдовме лекот, единствено што научивме е дека прва заштита од ХИВ/СИДА е свесност и едукација, а втора, користење кондом и затоа продолжуваме во таа насока. Исто така, попатно мораме да се бориме против дискриминациите и предрасудите кон заразените, што, исто така, влегува во едукација за жртвите на оваа болест – изјави Александра Николова–Ивановски, педагог-едукатор од Црвен крст.

Информативниот пулт беше посетуван и од младите, но и од повозрасните граѓани, кои сакаа информација повеќе за ризиците и последиците од оваа болест, но, исто така, и бесплатен кондом „дурекс“ за безгрижен сексуален однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top