| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед повторно киксна, фаворитите рутинирано

mancester utd

Денеска беше одиграно 14 коло од англиската Премиер лига. Екипата на Манчестер Јунајтед под водство на новиот тренер Дејвид Мојс оваа сезона игра промеливо и по 14 кола заостанува зад лидерот Арсенал дури 12 бода. Ова коло Манчестер на свој терен загуби од Евертон со 1-0. Единствениот гол за гостите го постигна Овиедо во 86 минута по асистенција на Лукаку. Во целиот натпревар Евертон успешно оддолеваше на акциите на „црвените ѓаволи“ кои имаа неколку стоотстотни шанси и трипати го погодија оквирот на голот.

Во останатите натпревари лидерот Арсенал рутински дојде до победата од 2-0 над тимот на Хул со головите на Бендтнер во втората минута и Озил во втората минута од вториот дел. Ова беше првиот гол на Бендтнер по пауза од две години. Арсенал кој е препороден во оваа сеозна се наоѓа на врвот на табелата со 34 бода, четири повеќе од Челси додека на третото и четвртото место се наоѓаат тимовите на Манчестер Сити и Ливерпул кои заостануваат шест односно седум бодови.
Покрај Арсенал и останатите три водечки тимови на табелата извојуваа победи.
Челси победи на гостувањето кај Сандерленд со 4-3. Поведе Сандерленд преку Алтидор, но тимот на Жозе Мурињо покажа карактер и дојде до целосен пресврт од 2-1 уште во првиот дел со головите на Лампард и Азар. Во вториот дел уште три гола. О‘Шеј го израмни резултатот, но Азар повторно го донесе својот тим во водтсво од 3-2. До крајот на натпреварот уште по еден гол во двете мрежи. Ист играч ги постигна двата гола, но едниот беше автогол за водство на Челси од 4-2 и при крајот на натпреварот повторно Бердсли ја затресе мрежата на гостите, но сепак Сандерленд немаа сили да извлечат бод.
Ливерупул го торпедираше Норвич со 5 гола. Четири гола за Ливерпул постигна одличниот напаѓач Луис Суарез, а еднаш успешно стрелаше Стерлинг. Едниствениот гол за Норвич беше дело на Џонсон.
Манчестер Сити остана во трката за титулата по денешната победа од 3-2 на гостински терен против Вест Бромвич Албион. Сити лесно дојде до водство од 3-0, но домаќините лесно не се предадоа и во финишот на натпреварот успеаа да дадат два гола кои сепак не беа доволни за да направат големо изненадување.

Останати резултати од 14 коло:

Саутемптон-Астон Вила 2-3, Стоук-Кардиф 0-0, Свонси-Њукасл 3-0, Фулам-Тотенхем 1-2, Кристал Палас-Вест Хем 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top