Македонска пејачка Каролина Гочева најави излегување на нејзиниот нов албум „Македонско девојче 2“. За промоцијата на својот нов албум, познатата пејачка ќе одржи вкупно пет концерти во Македонската опера и балет во Скопје.
Албумот во продажба ќе излезе на 25 февруари, а првите копии посетителите ќе можат да ги добијат на концертите кои се закажани на 20-24 февруари.
Првиот сингл за песната „Чалгиска“ ќе биде објавен на официјалната станица на „Фејсбук“ на Каролина на шести декември во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.