Со последниот гест, глумецот Кристофер Вокен покажа дека тој е еден од најскромните јавни личности во Холивуд.
На друштвените мрежи се појави фотографија на која може да се види како Вокен се вози со двајца странци во Њујорк.
Него го забележале фановите како безуспешно се труди да фати такси, па одлучиле да го превезат. Глумецот не бил изненаден од понудата, тој само им рекол дека оди накај центарот и дека може да го остават каде што им одговара.
Кога стигнале до центарот, тој останал со нив во автомобилот за да си го завршат муабетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.