Во едно кино во градот Пинелас Парк во Флорида, на децата кои дошле да го гледаат филмот „Снежна приказна“ им бил пуштен порнофилм наместо цртан.
Минатиот петок многу деца во друштво со своите родители отишле во киното да го гледаат најновиот филм на Дизни, но поради технички проблеми прво гледале стар Мики Маус, а потоа во траење од една минута бил пуштен порнофилм.
Родителите во паника се обидувале да им ги покријат очите на децата за да не ги видат сцените, но не можеле да ги спречат за да слушнат, а многу од нив со трчање излегле од салата.
– Тоа траеше цела вечност, а особено кога ќе се обидете да ги затворите очите на мало дете. Немав доволно раце да му ги затворам и ушите – рече една мајка.
Од управата на киното веднаш им пратиле извинување на родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.