Третото издание на Винскиот фестивал, под мотото: “Слушни вино, пиј музика”, ќе се одржи од 6-ти до 8-ми декември на Скопски саем.
Оттаму информираат дека се очекува големо присуство и најавено е учество на винариите од зела Македонија, како и винарии од Италија и Франција кои ќе ги задоволат очекувањата на скопската публика.
Винскиот фестива ќе почне со „after work“ забава в петок кога ќе настапат Жаклина Стевскова, „Нокаут“ и Драган Мијалковски, следниот ден присутните ќе ги забавуваат „Чалгија саунд систем“, а во недела за забавата задолжени се Трио Симон Киселички, „Стринг форсис“ и новосадската музичка атракција „Фрајле“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.