Вечерва, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, премиерно ќе биде прикажан краткометражниот филм во режија на Сенад Абдули „Убаво време за умирање“.
Филмот од поинаков аспект се занимава со негативниот феномен на самоубиството во современите општества. Ова е приказна за Мети, маж на околу 50 години кој одлучува да се самоубие поради монотонијата на својот живот и неможноста да се грижи за своето семејство. Тој ја сака точноста и е многу врзан за датите и часовите. Заминува од својот дом во намерата да изнајде причини да се оттргне од животот…
Главната улога на Мети ја толкува Сенад Абдули, а во филмот играат и Наиме Ази, Леарт Абдули, Деа Сабриу, Адриан Кадри и Неџла Абдули. Сценариото за филмот го напиша Зимбер Келменди, директор на фотографија е Роберт Јанкулоски, а монтажата е на Лазар Секуловски.
„Убаво време за умирање“ е во продукција на „Арнел продукција“ и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура