Глумецот Чарли Шин кој пред неколку дена ја претстави неговата нова девојка, порно актерката Брет Роси, тој ги нападна неговите поранешни девојки исто така ѕвезди во филмовите за возрасни Џејми Ленгфорд и Јана Џордан.
Шин ги обвини за тоа дека тие пробале да му земат повеќе пари, бидејќи правеле огромни сметки на неговите картички. Глумецот отиде и чекор понатаму во морбидноста и рече дека е во состојба да игра на нивните гробови.
– Можам среќно да играм над нивните гробови – рече глумецот.
Чарли им порача на поранешните девојчи да не му се обраќаат веќе никогаш:
– Изгубете го мојот број. Избришете го секое сеќавање за мене. Никогаш не го споменувај моето име во јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.