| четврток, 6 декември 2018 |

Регионална конференција – „Вистински импакт за подобро образование“

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска ќе се обрати на регионалната конференција „Вистински импакт за подобро образование“, а дел од темите на регионалната конференција за подобрување на образованието во јавниот сектор ќе бидат дефинирање на образовните приоритети, воведување успешна меѓународна практика, ефикасен образовен систем базиран на новите технологии.

Конференцијата е во организација на „Мајкрософт“ за Централна и за Источна Европа (МЦИЕ), со поддршка на Министерството за образование и за наука на Република Македонија, чијашто цел е согледување на можностите за поголема искористеност на технологијата за подобрување на образованието и на учењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top