| четврток, 6 декември 2018 |

Атина: Членството на Македонија во НАТО не е поврзано со грчко – македонските односи

Грчките позиции за проширувањето на НАТО, особено во однос на предусловите за членство на Македонија во Алијансата, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатералните односи.

Ова се вели во соопштението на грчкото МНР во врска со учеството на министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.

Тој синоќа присуствуваше на работната вечера на која се дискутираше за изгледите за проширување на Алијансата, на која го презентирал ставот дека членството на Макдонија во НАТО не е поврзано со грчко-македонските билатерални односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top