| четврток, 6 декември 2018 |

Гроган: Власта и опозицијата мора да ја надминат политичката криза

Власта и опозицијата мора да направат се што е во нивна моќ за да ја надминат политичката криза. Ова го порача  ирскиот амбасадор Оливер Гроган чија земја го презеде претседателството со Европската унија за првите шест месеци од 2013-та.

Овие се суштински два месеци во исчекување на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, смета Гроган. Тој потсети дека  решавањето на спорот со името е од клучно значење, а унијата очекува позитивни резултати.

Ир­ски­от амбасадор се наоѓа во посета на Македонија како претставник на земја ак­ту­е­лен претседавач со Советот на Европската унија, што претставува про­дол­же­ние на воспоставената пракса за претставување на програмата и приоритетите од тековното претседателство пред институциите на Македонија.

– Ир­ско­то претседателство се надева на добар напредок во реформите, доб­ро­со­сед­ски­те односи на Македонија и на напредок за решавање на спорот со името – по­ра­ча амбасадорот.
Прет­ход­но Гроган се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
– До­де­лу­ва­ње­то датум за почеток на пристапните преговори за време на ак­ту­ел­но­то претседавање на Ирска со ЕУ ќе биде од историско значење за Македонија – ре­че Попоски на средбата со ирскиот амбасадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top