Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Зоран Мартич верува во квалитетите на шампионот, но потенцираше дека дел од тимот не е во идеална форма.
– Евидентно е дека поголем дел од играчите не се 100% спремни. Во Скопје сум за да ги подобрам резултатите и играта на МЗТ, да не верував во тоа немаше воопшто да доаѓам. Морам што подобро да ја запознаам екипата во наредните неколку денови за да знам што треба да се промени – изјави Мартич.
Мартич верува дека ќе може да го врати МЗТ на победничките патеки, но и дека тоа нема да зависи само од него – Јас не сум чудотворец, но ветувам дека ќе направам сe да играме добро и да бележиме подобри резултати колку што тоа ќе биде во моја моќ.
Своето деби на клупата на МЗТ Скопје, Словенецот ќе го има веќе утре, кога во СЦ Борис Трајковски во Скопје, ќе гостува турската екипа Банвит во натпревар од 8-коло на Еврокупот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


