Британскиот глумец Хенри Кавил е прогласен за најсекси маж на светот, додека на второто место се најде Роберт Патисон, а на третото поранешниот дечко на Мајли Сајрус.
Хенри Кавил кој се прослави со улогата на Супермен во филмот „Човек од челик“ е прогласен за најсекси маж во светот според магазинот „Гламур“. Супермен ја прелета конкуренцијата и зад себе ги остави Роберт Патисон и Лиам Хемсворт кои мораа да се задоволат со второто и третото место.
Она што е интересно е дека пејачот на Марун 5 кој неодамна ја доби истата титула според магазинот „Пипл“, сега се најде на 93. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


