Велскиот фудбалер Герет Бејл моментално е во одлична форма. Постигна хет-трик во последното коло во Примера, се пофали со топката која ја доби, а сега доби и пофалба од најдобриот фудбалер на сите времиња.
Односно, помошниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше запрашан што мисли за досегашниот учинок на Бејл.
– Не бевме исплашени поради слабите изданија на Бејл кога дојде во Реал. Тој е голем играч и неможе да биде тоа утка. Сега тоа полека се исплати. Едноставно се плашам од едно, дека ќе стане подобар од мене. Тој може се, брз е, има добра техника,силен е и е прав мајстор за слободни удари. Верувам дека може уште да напредува и да стане најдобриот фудбалер на светот – изјави легендарниот Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)