| четврток, 6 декември 2018 |

Сити ѝ го украде на Барса новиот Меси

Дека Манчестер сити не троши пари само на скапи и докажани играчи покажа и последниот трансфер.

Сити потпиша договор и го комплетираше трансферот на 14-годишното чудо од дете од Малага.

Станува збор за Брахим Абделкадер Диаз, кого многумина во Шпанија го споредуваат со Меси. Брахим беше цел на Барселона, но директорите на Сити беа побрзи и поконкретни, па така младиот фудбалер наредната недела со неговите родители ќе отпатува во Манчестер.

Како што пишува „Дејли мејл“, Сити за неговите квалитети одвоил 300 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top