| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен директор на Охридски комуналец местел тендери

opstina ohrid

Некогашен директор на комуналнито претпријатие во Охрид доделувал зделки на струшка фирма, а потоа распшувал тендери.

СВР Охрид до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето С.А. (42) од Охрид за сторено кривично дело – “злоупотреба на службена положба и овластувања“, како и против правното лице “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга и одговорното лице во истото Д.А. за сторено кривично дело – “ злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“.

Имено првопријавениот во својство на овластено службено лице -в.д. директор на ЈП “Охридски комуналец“ во периодот од ноември до декември 2010 година, пречекорувајќи ги и искористувајќи ги своите овластувања без да објави јавен повик, согласно Законот за јавни набавки, противправно ја ангажирал фирмата “Кемпласт – ПВЦ“ ДООЕЛ да изврши работи и да вгради материјали при реновирање на објектите на ЈП “Градски гробишта“ од Охрид, во вкупна вредност од 851.325 денари и за истата цел наместо плаќач да биде ЈП “Градски гробишта“, сумата ја платило ЈП “Охридски комуналец“.

За да го прикрие таквиот противправен начин на работење првопријавениот подоцна, откако струшката фирма завршила со изведување на работите и вградување на материјалите, тој фиктивно побарал спроведување на три тендерски постапки без објавување на оглас – бр. 38/2010 од 15.11. 2010 за набавка и вградување на пвц столарија; постапка за јавна набавка бр.39/2010 за набавка и вградување на врати и ламинат; и постапка за набавување на канцелариски мебел бр.40/2010. Формираната тендерска комисија од страна на самиот С.А. потоа формално ги спровела постапките за веќе завршени работи. На тој начин на С.А. и овозможил на фирмата “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга противправно да се стекне со корист во вкупен износ од 851.325 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top