| четврток, 6 декември 2018 |

Психијатри од Демир Хисар пуштиле убиец на слобода

demir-hisar-bolnica

Двајца психијатри од Душевната болница во Демир Хисар се осомничени дека пуштале пацинети на слобода без да има некој кој ќе води сметка за нив и без терапија, а во еден случај од болницата испуштиле осуден убиец.

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(48) и П.Л.(60), двајцата од Битола, доктори-психијатри во ЈЗУ-Психијатриска болница Демир Хисар за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“. Во периодот од јануари до јули 2013 година, пријавените на тројца пациенти кои биле на задолжително психијатриско лекување им одобрувале користење на тераписки викенд спротивно на Правилникот на куќниот ред во здравствената установа и без соодветна изјава од член на семејство со која се изјавува дека ќе го чува пациентот додека е надвор од установата. Притоа на еден од пациентите со правосилна пресуда од Апелационен суд-Скопје за сторено кривично дело „убиство“ изречена му е мерка задолжително лекување и чување во здравствена установа и известена е болницата дека лицето не исполнува законски услови за користење на викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top