| четврток, 6 декември 2018 |

Го заборавил паричникот во такси, таксистот му ги украл парите од картичка

Битолскиот таксист В.Х. ( 37) заработи соодветна кривична пријава бидејќи  наместо да пријави изгубен паричник на еден од патниците, тој го зел новчаникот и крадел пари од платежните картички кои биле од него.

Според информациите на полицијата, на 27 октомври битолчанецот во таксито пронашол паричник. Наместо да го пријави за загубен и да го пронајде неговиот сопственик, тој го зел со себе. Потоа, од платежните картички успеал да подигне 23.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top