Најпознатата македонска хумористична емисија „K-15“ и официјално нема да постои. Еден од главните творци на проектот, Љупчо Бубо Kаров, вели дека причината е што нема телевизии заинтересирани да ја емитуваат, ниту средства да се реализира, објави „Дневник“.
Омилените ликови Цацко, Миле и Тошо заминуваат во историјата. „K-15“ на 23 ноември „наполни“ точно 20 години од постоењето, а сега „згаснува“.
Одлуката била донесена деновиве, а Kаров појаснува дека, сепак, не знаат што ќе се случи во иднина. Последниот циклус на „K-15“ се емитуваше на телевизијата „Алфа“, но повеќе од една година не е снимена нова епизода.
Kаров, Бранко Огњанов и Васко Тодоров одлучиле веќе да не постои „K-15“, а не се знае каква ќе биде иднината на нивната продукција, чија работа, пред сѐ, беше врзана со емисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.