Тим Данкан беше побрз од звукот на сирената и со прецизен удар му донесе победа на Сан Антонио спарс против Атланта хоукс од 102-100. Перо Антиќ не настапи за гостите во меч што беше неизвесен со крајно возбудлива завршница.
Данкан постигна 23 поени и 21 скок, што е извонреден двоен ефект, а крилниот центар на Спарс е највозрасниот кошаркар во историјата што на ист меч дал повеќе од 20 поени и имал повеќе од 20 скока. Данкан има 37 години.
Сан Антонио има најдобар биланс во западната конференција со 15 победи и само три порази, а Атланта на истокот сега е во негатива од една победа со скор 9-10.
Вкупно втор пораз во 18-от натпревар претпе Индијана, екипата што има најдобар биланс (16-2) во НБА. Портланд беше подобар ноќеска и славеше со 106-102.
Највозбудливо беше во Чикаго, со 3 продолженија и победа на гостите Њу Орлеанс. Пеликанс ги скротија „биковите“ во меч што имаше дополнителни 15 минути игра со 128-131. И тоа го сторија без првата ѕвезда Антонио Дејвис, кој претходната вечер ја скрши раката на дуелот со Њујорк никс.
Рајан Андерсон постигна 36 поени за Њу Орлеанс, а поен повеќе имаше Луол Денг од Чикаго. Во последниот меч ноќеска Јута Џез го изненади Хјустон и славеше со 109-103.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.