| четврток, 6 декември 2018 |

Драконски казни за Барселона и за Реал Мадрид

Дека во Шпанија важат истите правила за сите се потврди уште еднаш. Државната Агенција за конкуренција на пазарот ги казни двата најголеми клуба Барселона и Реал Мадрид со 7,5 милиони евра.

Главната причина за казнувањето е потпишувањето договор за аудиовизуелни права за повеќе од три години. Меѓутоа не би било ништо спорно доколку клубовите не ги потпишале договорите кога немале право за тоа. Поради тоа, сега Каталонците ќе мора да платат 3,6 милиони евра, додека, пак, нивниот ривал ќе биде олеснат за 3,9 милиони евра.

Покрај овие два тима на листата на казнени се најде и Севилја која должи 900 илјади евра, додека, пак, агенцијата „Медиапро“, со која е потпишан договорот, ќе мора да плати 6,5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top