| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина ќе го промовира „Македонско девојче 2“ со пет концерти

Албумот „Македонско девојче 2“ на Каролина ќе биде пуштен во слободна продажба од 25 февруари низ цела Македонија.

Првите копии од новиот албум ќе ги добијат посетителите на петте концерти кои ќе се одржат од 20 до 24 февруари во МОБ, кога со секоја купена влезница ќе добијат еден примерок од албумот на денот на концертот.

Цената на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание ќе биде 600 денари, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник, 10 декември.

Првиот сингл со наслов „Чалгиска“ од новиот албум „Македонско девојче 2“ ќе биде објавен на 6 декември точно во 21 часот на официјалната страница на Каролина на „Фејсбук“  и страницата на „Авалон продукција“ на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top