Електрична греалка го запалила манастрискиот комплекс во Трескавец, објави Сител. Според неофицијалните информации до кои дошла телевизијата, греалката предизвикала пожар во една од собите, а поради материјалот од кој е изграден објектот и силниот ветер кој дувал, огнот брзо се проширил и ги пеплосал сите конаци. За среќа, интервенцијата на хеликоптерите на АРМ и локалното население успеа да спречи огнот да ја зафати и старата црква.
Манастирскиот комплекс не бил осигуран бидејќи ниту една осигурителна компанија не сакала да го осигура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.