| четврток, 6 декември 2018 |

МОН и АМС донираат спортска и техничка опрема во училиштата во руралните средини

Министерството за образование и наука (МОН) и Агенцијата за млади и спорт (АМС) со одлука на Владата на Република Македонија почнаа акција за распределба на спортска и техничка опрема на општините за потребите на основните училишта во руралните средини.

Spiro Ristovski02 (Custom)

– Се работи за поголема количина спортска и техничка опрема којашто неодамна беше во сопственост на Агенцијата за млади и спорт. Станува збор за околу 1.000 фудбалски, кошаркарски, ракометарски и одбојкарски топки, 28 маси за пинг-понг, 200 шаховски табли, 208 домино сетови, 280 дрвени табли, 123 игри „Guess who adult“, како и 20 мини- дивиди системи, 20 ЛЦД проектори со платна и торбици, 19 дигитални камери и 9 фотоапарати. Оваа опрема МОН без надомест ќе ја распредели на 174 основни училишта кои се наоѓаат во рурални средини во 67 општини – соопшти министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

spiro ristovski

Тој додаде дека акцијата е веќе почната и ќе биде реализирана до крајот на оваа година.

– Министерството на овој начин дава поддршка и помош во унапредување на техничките услови за реализација на спортско-рекреативните наставни и воннаставни содржини во училиштата каде што има потреба за тоа – рече Ристовски.

Spiro Ristovski03 (Custom)

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски, вели дека акцијата е во согласност на Програмата за развој на спортот 2013 – 2017 година што ја има донесено Владата на Република Македонија.

– Во делот од развојните сегменти се третира и училишниот спорт. Токму преку донирањето на спортската опрема се дава прилог во развој на училишниот спорт во државата, а со тоа и постигнување на ниво на рана спортска специјализација. Тоа понатаму е услов за квалитативно подобрување на врвниот спорт – истакна Пујовски.

Фото: Игор Ангелковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top