| четврток, 6 декември 2018 |

Со нелегален ископ на песок заработиле 170.000 евра

kopanje pesok

Управител на фирма за ископ на песок со помош на уште петмина, од кои дел службеници во Државниот инспекторат за техничка инспекција, со манипулација со деловните книги успеале за фирмата да обезбедат нелегален приход од 170.000 евра.

СВР Штип  поднесе кривична пријава против Л.Л.С.(34) управител на СД „Транс“ ДООЕЛ-с.Звегор – Делчевско и против наведеното правно лице за сторено кривично дело незаконита експлоатација на минерални суровини, а Л.Л.С. е пријавена и за фалсификување или уништување деловни книги, П.Б.(55) од Штип одговорно лице од страна на концесионер, Ј.З.(44) вработен во ТД ГР „Гео Инг“ ДОО-Делчево, Ф.Р. (53) и И.Е.(57), вработени во Државниот инспекторат за техничка инспекција за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања и фалсификување или уништување деловни книги. Во периодот од јануари до јуни 2013 година, Л.Л.С. без концесија за експлоатација на минерална суровина, а злоупотребувајќи ја дозволата за вршење детални геолошки истражувања на локалитетот „Оџов Чукар“ атар на с. Звегор, Делчевско користејќи ја механизацијата на правното лице извршиле ископ на 12.000 метри кубни песок иако со дозволата за вршење на детално истражување било дозволено пробен ископ на 1.500 метри кубни. Понатаму, Л.Л.С. книгата за евиденција за извршени работи со неточни податоци ја доставила до Државниот инспекторат за техничка инспекција, при што Ф.Р. и И.Е. без да извршат стручна анализа на податоците доставиле документ со неточни податоци во врска со вкупниот ископ на песок до Министерството за економија. Исто така, П.Б. до друштвото на Л.Л.С. доставил деловна исправа со нецелосни и невистинити податоци од аспект на извршените истражни ископи, додека Ј.З. изработил елаборат во кој внел нецелосни и непотполни податоци за реалниот ископ на минералната суровина на наведениот локалитет. На овој начин, Л.Л.С. овозможила друштвото СД „Транс“ да се стекне со противправна имотна корист од 10.600.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top