Индијана Пејсерс успеа да дојде до 16. победа во НБА-шампионатот на гостувањето против екипата на Лос Анџелес Клиперс со резултат од 105-100. Пејсерси во текот на натпреварот цело време имаа резултатска предност, но клиперси при крајот изедначија на 94-94, со што го воведоа натпреварот до неизвесен крај, но, сепак, Индијана заслужено ја однесе победата.
Пол Џорџ беше најефикасниот играч на овој натпревар со 27 поени, а по него беше Дејвид Вест со 24 поени. Џамал Крафорд беше најистакнатиот поединец за Клиперс со 20 постигнати коша.
До десеттата победа во низа дојде и актуелниот шампион Мајами хит, при што во неизвесна завршница успеаја да слават над Шарлот Бобкетс со резултат 99-98.
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 26 поена, Крис Бош даде 22 коша и 9 скока, додека, пак, Вејд постигна 17 поени. Кај Шарлот, Кембер Вокер постигна 27 поени, а Ал Џеферсон се запиша со 16 поени и 13 скока.
Кевин Дурант го запиша неговиот прв трипл-дабл во оваа сезона и тоа на натпреварот против Минесота Тимбервулвс на кој Оклахома ја однесе победата со резултат 113-103.
Дурент за неговиот трипл-дабл постигна 32 поена, 10 скока и рекордни 12 асистенции.
Резултати:
Мајами – Шарлот 99-98
Сакраменто – Голден Стејт 113-115
Оклахома – Минесота 113-103
Њујорк – Њу Орлеанс 99-103
ЛА Лејкерс – Портланд 108-114
Торонто – Денвер 98-112
Детроит – Филаделфија 115-100
ЛА Клиперс – Индијана 100-105
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.