Последниот натпревар од француското првенство меѓу ПСЖ и Лион требаше да биде дерби на колото, но парижаните одлучија тоа да не биде така. Тие на „Паркот на принцовите“ го совладаа Лион со 4-0.
Првиот гол на мечот го постигна Кавани во 36. минута, а до полувремето Ибрахимовиќ го зголеми водството од белата точка на 2-0.
Во листата на стрелците се запиша и Тијаго Силва во 60. минута, а конечниот резултат го постави Ибрахимовиќ, и тоа повторно од пенал.
ПСЖ по одиграни 15 кола се наоѓа на врвот на табелата со 37 бода, четири повеќе од Лил, а пет повеќе од Монако, додека, пак, Лион моментално е десетти со 19 бода.
Најубавиот гол на натпреварот го постигна Ибрахимовиќ од пенал во стилот на Паненка.
Goal Ibrahimovic – PSG 2-0 Olympique Lyon (01… by Sport-Today-2014
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.