| четврток, 6 декември 2018 |

Лек за поразите на МЗТ Скопје е оставката на тренерот Вукоичиќ

Влада Вукоичиќ си поднесе оставка и не е повеќе тренер на македонскиот шампион МЗТ Скопје, иако од клубот велат дека допрва ќе го разгледаат потегот на српскиот стратег. Официјално оставката не е прифатена, но се чини тоа е веќе готова работа. Вукоичиќ го плати цехот за неверојатниот пораз на МЗТ Скопје од Цибона, вчера во меч од АБА-лигата.

Македонскиот претставник имаше предност од цели 26 поени разлика, но на крајот претрпе пораз од 88-93.

Промени сигурно ќе има во стручниот штаб, но и во играчкиот кадар на МЗТ Скопје. Оставката на Вукоичиќ се очекува и официјално да биде прифатена утре, а можно е од тимот да си заминат и дел од странците, кои не прикажаа ниту дел од најавениот репертоар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top