Македонски крадец „оперира“ по грчките банки, пишуваат медиумите на таа земја. Тој ограбил неколку банки, јави дописникот на телевизијата „Канал 5“. Имал и соучесник, грчки државјанин.
За вооружениот грабеж од ноември минатата година во филијала во северниот дел на Атина, полициската истрага потврдила дека станува збор за македонски државјанин, на кој се уште не можат да му најдат трага.
Тој секогаш ограбува на ист начин, маскиран и вооружен, а неговиот 56 годишен, грчки соучесник го чека во автомобилот.
На 23 ноември минатата година во филијата во Еритрес успеал да одземе околу 12 илјади евра, на 11 декември минатата година од филијала на банка во близина Ламија земал околу седум илјади евра. Во јуни и септември минатата година, заедно со неговиот соучесник, влегле во банките како клиенти, а малку подоцна извадиле пиштол и успеале да одземат 12 500 евра, во првиот и само 3 675 евра, во вториот случај.
Грчките медиуми пак, 33 годишниот го поврзуваат и со уште два грабежи и еден обид за празнење на каса во банки на Пелопонез.
Според досегашните докази со кои располага грчката полиција, сите траги водат кон Македонецот кој се’ уште е на слобода и е опасен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција