Субрата Рој за индиските медиуми изјави дека ќе предадат тапии од друго земјиште вредно адекватно на барањата на СЕБИ, 40 милијарди евра. За претходните предадени тапии СЕБИ тврдеше дека се преценети и побара да направи своја проценка на даденото земјиште.
Наместо да спори со СЕБИ по уште една основа, односно да ја докажува вредноста на предадените тапии кои треба да бидат гаранција, „Сахара груп“ одлучи да го реши спорот по брза постапка со предавање нови тапии од земјиште вредно 40 милијарди евра, пренесуваат медиумите во Индија.
– Во последниве неколку месеци правиме искрени напори да се усогласиме со наредбите од Врховниот суд кои се однесуваат на тековната судска постапка со СЕБИ и ги убедуваме нашите депоненти, деловни соработници, клиенти и потрошувачи дека набрзо успешно ќе го надминеме овој предизвик – велат од групацијата „Сахара“ во информација испратена до индиските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.