Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот, сепак, ја призна победата на Јужна Африка над Шпанија со 1-0 од пријателскиот натпревар одигран на почетокот на месецот и покрај тоа што „црвената фурија“ направила седум наместо шест измени.
ФИФА на почетокот не сакаше да го признае резултатот од овој натпревар, но, според новите факти кои се појавија во Јужна Африка, се призна победата и се запишаа бодовите од овој натпревар.
Според зборовите на претседателите на двете федерации, тие се договориле да можат да се направат и повеќе од шест измени, што ФИФА го прифати како аргумент за да може да го регистрира постигнатиот резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.