| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовното писмо на Елизабет Тејлор до Ричард Бартон ставено на аукција

Една од најследените врски за време на почетокот на Холивуд, секако, била меѓу тогашните ѕвезди Ричард Бартон и Елизабет Тејлор.

Тие двајца стапиле во брак во 1964 година и биле заедно до 1974 година кога Елизабет го напишала љубовното писмо кое денеска е ставено на аукција со почетна цена од 1.000 долари.

Елизабет уште на почетокот на бракот му дала до знаење дека нема да поднесува неверство, но нему не му требало многу време за да почнат гласините дека тој се гледа со други девојки.

Гласините дека тој се гледа со Мери Уре, Ракел Велч и уште многу други брзо го преплавија Холивуд, а тоа беше доволно за Елизабет да ја стави точката на нивниот брак во 1974 година.

Според процените, се очекува писмото да стигне до цена поголема од 100 илјади долари.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top