| четврток, 6 декември 2018 |

Мега скандал ја тресе Британија: Уапсени фудбалери за местени натпревари

fudbal anglija

Шест лица се уапсени под сомнение дека биле дел од меѓународна мрежа која се занимавала со местење фудбалски натпревари. Информацијата ја потврди и истражниот орган НЦА, пишува британски Телеграф.

Според весникот, меѓу уапсените се и тројца поранешни играчи и шефот на обложувачката мафија од Сингапур но за сега не е познато за кои играчи станува збор. Исто така не е соопштено ниту за кои натпревари од Премиер лигата има сомневања дека се наместени, но се навестува дека ова е еден од најголемите скандали во британскиот фудбал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top