Од денес во општина Битола официјално започнува зонскиот систем на паркирање во рамки на кој предвидени се 1951 паркинг места распоредени во три зони. На овој начин ќе се овозможи решавање на сообраќајниот метеж и долгогодишниот проблем со паркирањето во Битола, пишува во соопштението кое го испратија од Општина Битола.
На реализацијата на овој проект претходеше законска постапка за изготвување на сообраќајна студија која што ја усвои Советот на општина Битола.
Во согласност со сообраќајната студија изготвена е и физибилити студија за оправданост на донесување одлука за започнување на постапка за јавно приватно партнерство за стопанисување со предвидените места за паркирање при што зонскиот систем на паркирање започнува да се спроведува после завршувањето на сите законски постапки и подготовки на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.