| четврток, 6 декември 2018 |

Кога доктор ќе ти скрши вилица…

dentistПред Јавното обвинителство се два случаи поврзани со докторска негрижа. Стоматолог скршил вилица на пациент, а необучен доктор оперирал перде и го ослепил пациентот.

Со одење на лекар треба да се стави крај на здравствените маки, но два случаи на кои работи Јавното Обвинителство, во Скопје и во Прилеп, покажуваат лекарска негрижа со трајни последици. Во Прилеп стоматолог при вадење заб му ја скршил вилицата на пациентот а потоа се обидел да го затские случајот. Во Скопје необучен лекар за работа со софистициран апарат „рутински“ оперирал перде на око заради што пациентот го загубил видот, јавува Нова Македонија.

Ваквите случаи oставаat петно врз македонските доктори чија што стручност и хуманост се надалеку прочуени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top