| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ со уште еден „бисер“

Откако изјави дека Светското првенсто во Бразил без него нема смисла да го чека и да го гледа, шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ даде уште посамоуверена изјава.

Фудбалерот на ПСЖ го постигна водечкиот погодок за својата екипа во победата од 2-1 против Олимпијакос во 5. коло од Лига на шампиони, а по натреварот ја даде највпечатливата изјава.

– За некого наградата „Златна топка“ е важна, но не и за мене. Не ми треба тој трофеј за да знам дека сум најдобар – рече Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top