Обожавателите на групата „Елементал“ на концертот во Белград им приредија одлична честитка. „Во ред е веќе 15 години! Среќен роденден“ ѝ напиша публиката на омилената група.
Утре и Скопје ќе го прослави 15. роденден на „Елементал“. Концертот ќе се одржи на 29 ноември, петок, во ноќниот клуб „Хавана“.
„Елементал“ доаѓа во Скопје во склоп на турнејата „У реду је – 15 години Елементал“, а нивната мисија е во ноември да посетат 15 града во регионот.
Бендот досега ги помина Сплит, Чрномељ, Загреб и Белград, а по концертот во Скопје турнејата продолжува во Ниш, Тузла, Нови Сад, Риека и Панчево.
Освен извонредните свирки и сјајната атмосфера која ги одбелжува концертите на „Елементал“, овој пат публиката ќе присуствува на сосема ново шоу, на дво и полчасовен концерт, со посебен осврт на сите најдобри песни од 15 години творење и постоење.
Влезниците во ограничен број по претпродажна цена од 200 денари во „Кастм паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“.
Официјалниот почеток на концертот е закажан за 22 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


