| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната жена на Марк Ентони: Џенифер доби повеќе

Поранешната сопруга на пејачот Марк Ентони, Дајана Торес се побунила на судот поради тоа што добива помала алиментација за децата, за разлика од, исто така, поранешната сопруга на пејачот, Џенифер Лопез.

Поранешната мис на универзумот се пожалила на судот поради ниската алиментација што ја добива во споредба со многу повисоката на популарната пејачка.

– Таа е славна и богата жена, а на неа ѝ дава повеќе пари. Мора да ни се изедначат алиментациите. Јас немам доволно за моите деца и место во куќа, живееме во мал стан – се пожалила Торес.

Марк и Дајана се венчале во 2000 година во Лас Вегас, а нивните синови Кристијан и Рајан се родени во 2001 година и во 2003 година.

По седум дена откако се развеле во 2004 година, Марк се оженил со пејачката Џенифер Лопез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top