
Се запали манастирот Свети Артемиј во областа Провотас во Грција. Според полицијата се уште не се познати причините за избувнувањето на пожарот. Огнот е локализиран, но предоцна за да може да се спаси опожареното место. Според податоците на противпожарните екипи, штетата изнесува 500.000 евра. Истиот дел, кој сега е целосно уништен, бил опожарен и во 1976 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


