| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров објави оглас за 400 нови вработувања во здравството

todorov

Министерот за здравство Никола Тодоров најави нови 400 вработувања во јавното здравство. Владата на почетокот на годината, нагласи министерот, донесе една стратешка, но и историска одлука за вработување на 800 здравствени работни во јавното здравство.

– Со тоа што беше договорено првите 400 да бидат во првата половина од годината, а вторите 400 во втората половина, односно при крајот на оваа година. Веќе се распишани огласите за 400 вработувања во јавното здравство, од кои половина се докторски кадар, односно специјалисти или специјализанти, а другата половина се сестри, болничари, акушерки и друг медицински персона – рече Тодоров.

Со новите 400 вработувања, посочи тој, во болниците и здравствените домови во земјава во рок од неполни две години веќе се примени околу 1.200 здравствени работници, медицински персонал, болничари и хигиеничари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top