| четврток, 6 декември 2018 |

Најинтересните моменти од МАРС 2013 (фото)

Шесттиот по ред Македонски радиски фестивал МАРС, започна со многу малери што неколку пати ги збуни водителите Марија и Марко. Меѓутоа издржаа храбро до крај, сепак се работеше за пренос во живо. А, во таквите случаи секогаш има што да се види.

Првиот малер тргна со Ведрана Ѓорѓевиќ, која за малку ќе се испружеше на сцената.

vedrana

Диме за инает на сите повторно носеше кошула по свој вкус.

dimitar

Поради технички грешки, Драгана Чуприна не се приклучи во живо. Тоа беше премногу збунувачки за водителот Марко, па тој го згреши пликот со награда и прогласи грешни победници.

vlatko-i-esma

Тамара не дојде да си ја подигне наградата и Марко пак се збуни.

viksa-2

И Бени за малку ќе беше жртва на незгодно поставените скали на бината.

beni-saciri-2

Светлана Црнокрак му ја додели на Даре наградата за најслушана балада и откри дека неговата кариера тој ја почнал како манекен во нивното модно студио.

darko-ilievski-so-svetlana-crnokrak

16-годишната Марија беше прва која вечерта се осмели да пее во живо.

ajkju-1

Влатко Илиевски првпат настапи на МАРС. До толку се возбуди што наместо во микрофон, зборуваше во статуетката.

vo-koja-raka-e-mikrofonot

Есма многу расположено го испеа својот дел во „Пред да се раздени“.

esma-1

Франц се израдува за наградата за апсолутен радиски хит.

franc

Тајзи џапна две статуетки.

tajzi-1

Владо Георгиев ја „лајкна“ Марија.

vlado-georgiev-1

Јелена Розга си пееше „Циркус“.

jelena-rozga

Роберт Билбилов си се поздрави самиот за успешната наградена композиција.

robert-bilbilov-2

Викса си беше Викса.

viksa

И усните на Бејби и Франц имаа многу блиска средба.

baknez

Сите награди и победници може да ги погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top