Првиот малер тргна со Ведрана Ѓорѓевиќ, која за малку ќе се испружеше на сцената.

Диме за инает на сите повторно носеше кошула по свој вкус.

Поради технички грешки, Драгана Чуприна не се приклучи во живо. Тоа беше премногу збунувачки за водителот Марко, па тој го згреши пликот со награда и прогласи грешни победници.

Тамара не дојде да си ја подигне наградата и Марко пак се збуни.

И Бени за малку ќе беше жртва на незгодно поставените скали на бината.

Светлана Црнокрак му ја додели на Даре наградата за најслушана балада и откри дека неговата кариера тој ја почнал како манекен во нивното модно студио.

16-годишната Марија беше прва која вечерта се осмели да пее во живо.

Влатко Илиевски првпат настапи на МАРС. До толку се возбуди што наместо во микрофон, зборуваше во статуетката.

Есма многу расположено го испеа својот дел во „Пред да се раздени“.

Франц се израдува за наградата за апсолутен радиски хит.

Тајзи џапна две статуетки.

Владо Георгиев ја „лајкна“ Марија.

Јелена Розга си пееше „Циркус“.

Роберт Билбилов си се поздрави самиот за успешната наградена композиција.

Викса си беше Викса.

И усните на Бејби и Франц имаа многу блиска средба.

Сите награди и победници може да ги погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


