| четврток, 6 декември 2018 |

Втор мозочен удар за актерот на само 28 години

Пред една година Френки Мјуниц, најпознат како Малком од комичната серија „Малком во средината“, го имаше првиот мозочен удар. Сега, младиот актер на 28 години доживеа уште еден, очигледно помал бидејќи за него самиот го извести цел „Твитер“.

– По речиси една година искусив уште еден мал мозочен удар. Се надевам дека ова е последен. Тажно – напиша на „Твитер“ Френки.

По првиот удар, Френки во едно интервју раскажа дека знаел дека нешто не е во ред кога во еден момент го загубил видот на едното око додека го возел својот мотор.

– Не можев да кажам ниту еден збор, а во себе мислев дека зборувам. Девојка ми ме гледаше како да сум зборувам на странски јазик – откри актерот по првиот удар, среќен што останал жив и здрав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top