| четврток, 6 декември 2018 |

Зимски услови на патиштата, патот Тетово- Шапка забранет за товарни возила и автобуси

patista-sneg-debar

На патниот правец Тетово-Попова Шапка воведена е забрана за тешки товарни возила и автобуси, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информираат од ЈП „Македонија Пат“.

Оваа забрана е воведена вчера во 18 чaсот. Забраните на планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинати во текот на ноќта.

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија се одвива отежнато и во зимски услови со наместа остатоци од кашест снег, а поради ниските температури можна е појава на голомразица. Појава на магла со видливост од 50 до 100м е регистрирана на патниот правец Кратово – Пробиштип и на планинските премини Плетвар и Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 25.11.2013 година до 30.11.2013 година ќе се изведуваат од Агино Село кон Миладиновци. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 ќе се започне со геодетски активности за што е потребно да се воведе времена измена на режим на сообраќај и за истата ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе биде 2 месеци односно до 27.01.2014г. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

Почнувајќи од 26.11.2013г. во периодот од 10 до 14 часот на патниот правец Раброво – Костурино (Р1401) ќе се изведуваат градежни работи за вградување на асфалтот по целата ширина на патот. На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и Македонска Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да се одвиваат до средината на декември. На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар.

Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза и се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино. Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top